Руската амбасада во Велика Британија реагираше по информацијата дека Лондон веќе започнал со испорака на гранати со осиромашен ураниум на вооружените сили на Украина.

„Изјавите на заменик-министерот за одбрана на Велика Британија елоквентно го демонстрираат безмилосното лице на англосаксонците за уште поголема ескалација на „прокси-конфликтот“ што тие го распоредија во Украина.

Веќе е сосема јасно дека Западот на оваа земја и додели улога не само на антируски воен полигон, туку и на радиоактивни „гробишта“.

Ги повикуваме британските власти да не се тешат со илузорните надежи дека со префрлање на топката на вооружените сили на Украина, кои сега имаат отровна муниција, ќе можат да излезат од водата суви“, се вели во соопштението на дипломатите. .