„Нашите противници, кои ги имавме наспроти нас, не знаеја дека албанските мајки ги раснеа своите синови и ќерки во лулки од жар. Нас, Албанците нè убиваа и нè масакрираа во секој период од историјата, низ кој минувавме. Низ децениите мажи и жени се жртвуваа, но никогаш не клекнаа. Затоа, ако некој ни го гибне она што го постигнавме со крв и пот за албанското знаме и албанскиот јазик, хероите ќе станат повторно од гробовите!“ – кажа со тон на отворена закана лидерот на ДУИ Али Ахмети денес во кумановското село Слупчане на „одбележувањето на 22-годишнината од почетокот на војната во 2001 година“ од мотото „Слободната зона на непоразениот Карадак“.

ТВ 21 и другите медиуми на албански јазик објавија: „По повод првите истрели на 113 бригада на УЧК ‘Исмет Јашари – Командант Куманова’ и по повод 22-рата годишнина од почетокот на војната на Националната ослободителна војска УЧК во Карадак и Липково денес во селото Слупчане се одржа традиционалната манифестација ‘Слободната зона на непоразениот Карадак’. Организатор на оваа манифестација беше Здружението на ветераните на војната од УЧК Липково – Куманово.“