РУСКИ ПУБЛИЦИСТ УШТЕ ВО 1913 ИМ ЈА КАЖАЛ ГОЛЕМАТА ВИСТИНА НА БУГАРИТЕ!: ИМ ТРЕБА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА; МАКЕДОНЦИТЕ НЕ САКААТ ДА БИДАТ НИ СРБИ НИ БУГАРИ НИ ГРЦИ – 1913 г.

С.Ф. Иљин, публицист и уредник на руското политичко списание „Симбирјанин”*, во 1913 година говори за геополитичката ситуација во Европа во виорот на Балканските војни.
Во својот напис, Иљин ја застапува идејата за создавање независна македонска држава како предуслов за траен мир во Европа и покрај официјалната политика на руската влада да ја промовира новозоздадената (од Русија) држава и нација Бугарија. Притоа, Иљин пишува дека Македонците не сакаат да бидат асимилирани во Срби, Бугари и Грци и следствено се борат за воспоставување своја независна држава.
– „Со создавањето пак, независна, автономна Македонија, Европа ќе постигне и друг не малку важен резултат – таа ќе им излезе во пресрет на желбите на самите Македонци што не сакаат да бидат ни Срби, ни Бугари, а уште помалку Грци…”
Доколку тоа го стори, светската дипломатија ќе може да се гордее како никопгаш порано заради тоа што ќе реши политичкиот Гордиев јазол, заклучил Иљин.
ИЗВОР: „Симбирянинь”, Суббота, 29 iюня 1913 года, No. 1790, стр. 1.
.
.
* Списанието „Симбирјанин“ е едно од позначајните политички и општествени гласила во Царска Русија во периодот од 1906 до 1917 година.
Неговите уредници, како Иљин, а подоцна и А.П. Коваленко, А.И. Федоров, Н.Н. Гладков и В.Ф. Соколов – биле исклучително добро информирани за настаните во Европа и во светот, и создавале простор и рубрики за печатење соодветни информации и мислења за меѓународните односи.
Сопственик на списанието бил Владимир Николаевич Поливанов, началник („гофмајстор“) на Рускиот царскиот двор, член на Државниот совет и советник по државни прашања, меѓу другото. Поливанов е почесен член на рускиот Императорски археолошки институт и коресподент на француското и белгиското археолошкo друштвo. Иницијатор бил за создавање на Симбирската губернаторска архивна комисија, позната по своите археолошки трудови и објавување експонати од антиката, и нејзин претседател.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа