Me радува што албанците имаат почит за еден од најголемите Македонци, Ѓеорги Скендербег! Тој бил македонски крал и најголем христов воин против исламизација признат од цела Европа

ЃОРЃИЈА – Искендер (Александар) Бег покасно наречен Скендербег, вчера (06.05) имаше именден и роденден…
Тој бил македонски и епирски крал, така му гласела титулата призната од цела Европа, по потекло од старите средновековни феудални фамилии од Македонија, а Римските Папи го именувале како најголемиот “Христов воин” на сите времиња!
Денес тој се одбележува и како национален херој на современите Албанци, што мене ме радува почитта која ја имаат кон овој голем Македонец!
Здравје Боже до година, можеме заедно да поклониме цвеќе на неговиот споменик, тука во Скопје, но зошто да не и во Тирана!
Во таа свеченост, треба да ги вклучиме и етничките Власи, како родум Епири, зашто на крајот сите сме ние деца на Христа Бог, а Ѓорѓија бил нашиот заштитник и воин против исламизација и колонизација на кавказки племиња на териториите на денешните Албанија, Косово и Македонија!
Ѓорѓија треба да не обединува и помирува современите Македонци, Албанци, Власи, Срби и останати, кои имаме споделена историја и делиме иста судбина на ова парче земја, од Турците наречено Балкан!
Така најлесно сите ќе бидеме дел од ЕУ, а не преку современите етнички шовинизми, кои ни се продаваат како лек за сиромаштијата, настаната од криминалното поведение на политичарите!
Петар Богоевски
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа