АТАНАС РАЗДОЛОВ уште во 1896г ги повикувал Македонците да не се селат туку творено да се бурат со бугарите, грците и србите за Македонија

АТАНАС РАЗДОЛОВ во 1896г.: „МАКЕДОНЦИ МИЛИ…“
Атанас Раздолов (1872-1931) е македонски поет, писател и револуционер родум од Берово. Автор е на десетици книги, брошури, статии и стихозбирки, дел од кои биле испраќани преку курири на ВМРО во сите краеви на Македонија да служат како потстрек за потребите на македонската наpoдно-ослободителна борба.
Веќе дадовме на увид една песна од неговата стихозбирка „Песните на востаникот“ од 1895 година, во која Раздолов ги повикува Македонците да ја возгласат својата борба за воспоставување на слободна Македонска држава и истовремено да им дадат на знаење за таа наша цел на Грците, Бугарите, Србите и „цинцарите“ – Романци:
Сега даваме на увид една друга негова песна од стихозбирката „Срдечни воздишки за несреќна Македонија“ од 1896 година. Во неа, Раздолов ги повикува Македонците да не се селат од татковината, а на раселените им порачува да се вратат со цел заедно да подигнат револуција против отоманската тиранија потпомогната од странските владетели и дипломати, но и од домашните чорбаџии и останати ќесеџии вметнати во системот за своја добивка.
КОН МАКЕДОНЦИТЕ
О, вие Македонци мили,
Не заборавајте каде сте се родиле,
Вие искрени мои другари
Не скитајте по светот за пари!
Не, туку вразумете се за миг,
И кон родниот крај погледнете!
Видете маки и теглила
Во земјата обична мила,
Каде што Турчинот беснее, ровари
И врз нашите сестри се изживува!
Браќа, да се осознаме
И за таму сите да копнееме
Доста е толку трпение,
Напред кон спасение:
Револуција света да дигнеме
И од сите страни да викнеме:
Долу угоени господари!
Долу Турци ниски суштества
Долу царови, кнезови и палати!
Долу шкембести и дипломати!
Долу лихвари, чорбаџии!
Долу крстени ќесеџии!
Долу султани и везири!
Долу сите музефири!
Долу бегови, кајмаками!
И сите шарлатани!
Нека исчезнат тие злосторници
Доста ропството владее!
ИЗВОР: „Сърдечни Въздишки за Нещасна Македония”, София, Печатница Надежда, 1896, стр. 19, 20.
ЗАБЕЛЕШКА: Песните се издавани во Софија на тамошниот официјален пишан јазик. Друг јазик, според бугарската асимилациска доктрина и политика, не бил дозволен. Во 1901 година, Раздолов е уапсен од бугарските власти заради неговите критики упатени до бугарскиот кнез Фердинанд.
Сите реакции:

Marjan Trajkovski, Toni Pendovski и 81 други

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа