Македонците биле приморани да носат кечиња и да бидат запишувани како албанци во 1942

МАКЕДОНЦИТЕ морале да носат кечиња на глава
Во 1942 година, по формирањето на Големоалбанскиот комитет во Дебар на чело со Али Реџа и Риза Афус Мемет, почнал планот за брзо иселување на Македонците од градот и околните села. Притоа целата административна власт била вклучена во проектот за протерување на Македонците.
При извршениот попис во 1942 година, целокупното население што живеело на оваа територија, без оглед на нивната национална припадност, било запишано како албанско население и добиле албанско државјанство. Друга националност не била признавана.
Сите имиња и презимиња на Македонците морале да добијат албански завршеток, целокупната администрација била водена на албански јазик, а строго биле забранети и сите јавни разговори на македонски јазик, дури и телефонските разговори морале да се вршат на албански јазик. Мажите морале да носат кечиња на главата. Се разбира истиот притисок се спроведувал и во другите градови и села во западниот дел на Македонија, кој бил под окупација на Италија, односно Албанија.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа