Огромен интерес од читателите и распродадени книги се импресиите од книжевната средба на македонсеката писателка, професорка и преведувачка Румена Бужаровска на Саемот во книгата во Солун, велат посетители за нашата редакција.
Збирката раскази „Мојот маж“ на грчки јазик ја објави издавачката куќа „Гутенберг“ и е во превод на реномираната преведувачка Александра Јоаниду, професорка на Универзитетот Аристотелис во Солун. Таа е исто така и преведувачка на други познати автори како Олга Токарчук и Георги Господинов.
Историски чин е тоа што првпат името на јазикот официјално стои во книгата како „превод од македонски јазик“.
Текстот во целост на СДК