Стојанче Ангелов го напушта бродот што тони! Најави излегување од владината коалиција

Стојанче Ангелов, лидер на „Достоинство“ и директор на Центарот за управување со кризи најави излегување од владината коалиција, откако Владата ги одбила измените на Законот за бранители.

-Крајно сме разочарани и револтирани од пратениците на СДСМ кои пред неколку дена гласаа против предлог законот за дополнување на законот за Бранители. СДСМ има можност да ја исправи оваа голема неправда која ја нанесе на македонските Бранители од 2001-та преку носење на владина одлука. Затоа, на денешната прес конференција повторно ќе побараме Владата да ја реализира иницијативата на Достоинство поднесена во декември 2022 година и да донесе Одлука за праведно обесштетување на петнаесетина семејства на загинати бранители како и триесетина воени инвалиди од 2001 година, напиша Ангелов на Фејсбук.

Доколку оваа нивна иницијатива биде отфрлена, вели Ангелов, „ Достоинство“ ќе го преиспита своето учество во владеачката коалиција предводена од СДСМ и ДУИ.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа