Ова не смеат да го заборават прилепчани и битолчани! МАШИНИТЕ КОИ ТРЕБАШЕ ДА РАБОТАТ НА АВТОПАТОТ ВО ПРИЛЕП ПОВЛЕЧЕНИ САМО 2 ЧАСА ОТКАКО СЕ ИЗНАСЛИКАА ОД ЦЕЛА ВЛАДА

 

По вчерашната помпезна најава за почеток на градежните работи за изградбата на контроверзната автопатската делница Прилеп-Битола од Коридорот 10д, денеска сосема спротивна слика. Овде, активностите како да се одвиваат со брзина на желка. На локацијата од каде Владата вчера го означи стартот на се’ уште непостоечкиот автопат, бидејќи нема ниту конечен проект, ниту означена траса, ниту пак се знае до каде е експропријацијата на земјиштето во плодната Пелагонија, утринава беше празно – објави “АЛФА ТВ”

За волја на вистината, нешто подалеку од вчерашната локација, на едната страна, среде нива, имаше паркирано багер, а на сосема спротивната пак, во непосредна близина на фабриката Гентерм, имаше и некаква механизација и неколкумина работници. Која и каква беше нивната улога, не успеавме да дознаеме.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа