Титански судир меѓу двајцата политички противници Реџеп Ердоган и Кемал Кулчдароглу на изборите во Турција. 

Според првите податоци од гласањето, актуелниот претседател Реџеп Ердоган води со 58,34 отсто од гласовите со преброени нешто повеќе од 10 отсто од гласачките ливчиња. Втор е Кемал Кулачдароглу 35,84%, трет останува Синан Оган со 5,21%.

 

На парламентарното гласање води и Народната алијанса на Ердоган со речиси 68 отсто од гласовите, додека опозициската Национална алијанса освои речиси 22 отсто.

Резултатите ги соопшти Високата изборна комисија, која е единственото тело кое може да дава информации за изборниот процес до 21 часот.

Исходот од изборите се очекува да биде решен во вториот круг, кој е закажан за 28 мај. 

Пред седиштето на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) во Анкара, во тек се подготовките за постизборното обраќање на актуелниот турски претседател и еден од кандидатите на претседателските избори, Реџеп Ердоган, пред турскиот народ. објавија медиумите.

Засилени се безбедносните мерки пред зградата на штабот. Полицијата и војската го опколија периметарот. Од безбедносни причини, дури и автомобилите на легалните паркинзи се евакуирани од околните области. Во близина на зградата каде што ќе зборува Ердоган се поставени засилувачи на звук. Пред зградата на Генералштабот има посебни места за претставници на медиумите.