ГРЧКИ ЛИНГВИСТ ВО 1915 г.: “Велат дека се МАКЕДОНЦИ и зборуваат на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК” Познатиот грчки лингвист Манолис Тријантафилидис (1883-1959) напишал осврт „Нашиот јазик во училиштата во Македонија“ во 1915 година, којшто

ГРЧКИ ЛИНГВИСТ ВО 1915 г.:
“Велат дека се МАКЕДОНЦИ
и зборуваат на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК”
Познатиот грчки лингвист Манолис Тријантафилидис (1883-1959) напишал осврт „Нашиот јазик во училиштата во Македонија“ во 1915 година, којшто потоа бил објавен и како книга следната година.
Авторот пишува дека одреден број жители на Беломорска Македонија сметаат дека се Грци, иако говорат „словенски“ јазик, но други пак, одбиваат да се наречат Грци, и велат дека се Македонци и зборуваат на македонски јазик. За гркоманите (политички „Грци“ со не-грчко етничко потекло), тој вели:
– „Грци се само оние коишто говорат грчки, кои, како и оние од Мала Азија што говорат турски, и сметаат дека е чест да се говори грчкиот јазик.“
Веднаш потоа, Тријантафилидис истакнува:
– „Но, има и помал број други кои дури не признаваат дека се Грци, туку велат дека се Македонци и говорат македонски (т.е. словенски), којшто е нивниот национален јазик.“
Исказот на Тријантафилидис се однесува на написот на грчкиот учител Тенис Музос под наслов „Македонскиот јазик“ (Η Μακεδονική γλώσσα) од 30 ноември 1915 г., две години по насилната поделба на Македонија.
Музос, имено со жалење констатира дека Грција во многу што ја изгубила пропагандната и асимилациска војна со Бугарите во поглед на Македонците и Македонија. Но иако Маузос во написот ги употребува поимите „Бугари“, „бугрски јазик“ и сл., тој сепак ги издвојува од Македонците и македонскиот јазик:
– „На времето Македонците имаа грчка национална свест и само јазикот недостасуваше за тие да станат вистински Грци… Почнувајќи со јазикот на Македонците, (Бугарите) ги превртија и ги направија пофанатични Бугари дури и од самите нив. Колку и да ги презираме Бугарите и ги сметаме за инфериорни затоа што делуваат дека се дебелоглави па ги нарекуваме ‘мечкари’, за некои работи тие изгледаат поумни и од многу образовани Грци“.
Тријантафилидис во коментарот се надоврзува на кажаното од Музос, објаснувајќи дека и покрај тоа што Грците и грчките средства за информирање се навикнале да ги нарекуваат жителите на Егејска Македонија „Бугари од Македонија“ и „Словени од Грција“, тие луѓе т.е. Македонците – „не се менуваат“.
– „Само се залажуваме“, заклучува тој.
Тријантафилидис е еден од водачките лингвисти во Грција и е претставник на тнр. демотско движење во образованието на таа држава. Познат е по неговата работа на сеопфатната граматика на современиот грчки јазик. Работел во Аристотеловиот Универзитет во Солун.
ИЗВОР: „Нашиот јазик во училиштата во Македонија“, Билтен на Образовната Група, том 5, 1915, стр. 11-46.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа