Весникот „Реформи”* во август 1903 година пишува дека херојската борба на Македонците со Илинденското востание воодушевила многу млади Чеси, Бугари, Италијанци и припадници на други народи да им се придружат во борбата за слобода. Написот вели:
– „Борбата во Македонија предизвика такво воодушевување во срцата на многумина млади луѓе во странство, што некои од нив беа решиле да ја остават младоста и коските за слободата на херојските Македонци. Такви борци се јавиле од Чешка, од Бугарите во Одеса и од други народности. … Јавуваат од Италија дека некои од италијанските ‘гарибалдиници’ се готвеле да се борат за слободата на Македонија.”
Написот укажува и на сличното воодушевување меѓу Македонците во странство, како на пример некој Македонец во Србија, офицер, којшто ја напуштил воената служба во српската војска за да им се придружи на востаниците.
– „Дури и еден потпоручник од српската армија, родум Македонец, ја напуштил војската и влегол во редовите на македонските востаници“.
ЗАБЕЛЕШКА: *Софискиот весник „Реформи” е орган на тнр. врховисти, т.е. Македонци кои работат за туѓите интереси во Македонија. Гласилото често пишува против македонските национални интереси, а во корист на наци-шовинизмот во Бугарија. Но, весниците и списанијата вообичаено имаат многу автори, па речиси во секое јавно гласило, како тогаш, така и денес, се наоѓаат написи спротивни на политиката и насоките на уредништвото.
Така, овде наоѓаме уште едно сведоштво од врховисти дека македонскиот народ е засебен и се бори за својата национална слобода.
ИЗВОР: „Реформи”, София 16 август 1903 г., бр. 36, стр. 4. —/
Сите реакции:
71Zvonko Yarchevski, Goran Petrov и 69 други
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?