Честит нека е денот на Македонските просветители,
Св. Кирил и Методиј кои ја создадоа СЛОВЕНСКАТА писменост на база на Македонскиот Словенски јазик од Солун.
“ПОКРСТУВАЊЕТО НА БАВАРЦИТЕ И КАРИНТЈЦИТЕ” -9 век
Многу важни информации за активностите на Св.Методиј ни дава хрониката
“Покрстувањето на Баварците и Каринтијците” од 9 век, од неизвесен автор.
Според наративот на хрониката авторот бил близок со црковните водачи во Салцбург , а особено со самиот архиепископ Адалвин (859-873) и современик на Св Методиј кој во тој период веќе бил ракоположен од папата за архиепископ на Панонија, каде бил пречекан со непријателство од германското свештенство, кое не можело да се одржи во Панонија откако таму се појавил Св Методиј и неговите ученици кои биле проповедници на СЛОВЕНСКИ јазик.
Хрониката е многу важен извор за словенската историја бидејки авторот како современик на св.Методиј и настаните,го споменува фактот дека Методиј бил СЛАВЈАНИН и со СЛОВЕНСКАТА АЗБУКА и ЈАЗИК го исфрлил латинскиот јазик и латинската литургија.
Авторот ги запишувал информаците од самите учесници на настаните а некои настани ги опишал како очевидец.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?