Статија во грчкиот весник „Неологос“(Истанбул) за македонското списание „Лоза“ 29.04.1892 година
„… Земајќи повод од едно периодично списание „Лоза“, кое е издавано во Софија на словеномакедонски јазик, со правопис што не е бугарски, бугарскиот весник „Свобода“ блуе разрушувачки пени против Словеномакедонците во Бугарија и ги заплашува со прогони.
И зошто сето тоа?
Затоа што Словеномакедонците, измамени, ги напуштаат татковите огништа и се преселуваат во Бугарија, каде што, откако поодблизу се запознаваат со бугарскиот народ, со неговиот јазик, нарави и обичаи и откако согледуваат дека тие им се туѓи, ја осознаваат измамата и почнуваат да си го разработуваат својот мајчин јазик, издавајќи разни периодични списанија на него.
Овој правец од страна на Словеномакедонците „Свобода“ го карактеризира како шлаканица врз панбугаризмот и откако го анализира јазикот и правописот на „Лоза“, утврдува дека јазикот на Словеномакедонците е неразбирлив за Бугарите, а правописот е сосема туѓ на бугарскиот. …“
Сите реакции:
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?