Самосвеста дека сме Македонци не е никаква српска, ни грчка идеја, туку изворно македонска самоопределба која се пренесува народски кажано – од дедо-прадедо и се заснова врз бројни културни, јазични, фолклорни, етнички одлики, менталитет и колективно сеќавање.

„СЕПАРАТИЗМОТ СЕ СОСТОИ ВО УБЕДУВАЊЕТО НА МАКЕДОНЦИТЕ ДЕКА НЕ СЕ БУГАРИ, ГРЦИ ИЛИ СРБИ, ТУКУ СЕ МАКЕДОНЦИ“ – 1893 г. (Втор дел)
Во првата објава (наназад во албумов) посочивме коментар на уредништвото на бугарскиот пропаганден весник со типично некреативно име „Југозападна Бугарија“, од 6. ноември 1893 година. Во него уредниците навредливо критикуваат писмо на „анонимен“ Македонец, поддржан од група Македонци во Софија, преку коешто се потврдува македонската национална свест и препознавањето на античка Македонија како своја историја, како и стремежот за воскреснување на независна македонска држава.
>> Следи вториот редакциски коментар објавен во следниот број на весникот, во кој уредниците ја доискажуваат својата вознемиреност од идејата за самостојна Македонија и „лошото“ влијание врз рускиот проект „Бугарија“. Уредниците се убедени пропагандисти на рускиот бугаризам и нивното однесување кон припадниците на македонскиот народ е равносилно на секта којашто одбива да ја прифати реалноста за Mакедонците, само за да ги наметне своите тнр. „вистини“.
– „Не знаеме дали има потреба да повторуваме, но за нас нема ‘македонско дело’ и тоа што се подразбира од тие зборови не означува ништо друго од општо-бугарско дело“, yредниците го критикуваат неименуваниот Македонец.
Tие цитираат и други делови од писмото на анонимниот Македонец за да ги дискредитират неговите ставови. Но така само го потврдуваат постоењето на македонската национална свест и загриженоста кај Македонците за зачувување на целокупноста на нивната татковина Македонија. Написот вели:
– „Нашата желба, вели анонимиот пријател, како и желбата на сите оние што сакаат да ни остане татковината нераздробена на парчиња е веќе да се зафатиме за работа така како што треба, а не само ќефот да си го гледаме а татковината да ни пропаѓа… Единствениот спас за Македонија, да се зачува цела и да се отстранат сите волци што гледаат кој од кој понапред да грабне нешто, е сепаратизмот. Само на таков начин ќе можеме да го постигнеме тоа што го посакуваме“.
Уредниците потоа додатно се обидуваат да ја оцрнат и оневозможат идејата за независна Македонија преку убедување дека таа не е добра ниту пак практична, но и преку поставување прашања во стилот „што би било кога би било“, што впрочем е бугарска политичка пракса на крчмарско ниво сѐ до ден-денес:
– „Зошто досега не сте ги дале вашите спасувачки совети и, најважно, зошто не сте нѐ облагоpoдиле со самостојна, несоединета (кон Бугарија, н.з.) и саможивеечка Македонија? Може ли благоразумен човек да верува дека спасот на Македонија, како што тврдите, се состои во нејзиното самување? Денес насекаде слабите бараат сила, моќ и среќа во братско здружување, само нашиов анонимус ни говори дека таа идеја била глупава, штетна, нечесна.“
На крај, уредниците доаѓаат до умопомрачениот заклучок дека ако Македонците се сметаат себе си како засебен народ, а не Бугари, Срби или Грци, тие заради својот „сепаратизам“ наводно ја губат својата народност со оглед на тоа дека таа идеја наводно е грчка.
– „Зборот сепаратизам овде Богзнае каква улога игра. Тој треба да е употребен по повед една наша статија што се однесува на сепаратизмот (број 4), но ние зборувавме за сепаратизмот што се состои во убедувањето дека Македонците не се Бугари, Грци или Срби, туку се Македонци, раширувањето на идејата (на сепаратизмот) којашто е дело на грчките силогоси од 1878 година… Ние се сметаме себе си за безсилни да го разубедиме од идејата дека тој, роден во Македонија од Бугари не е Бугарин, не е Грк, не е Србин, туку е чист Македонец. Човекот сака да си остане без народност и тоа ти е.“
Самосвеста дека сме Македонци не е никаква српска, ни грчка идеја, туку изворно македонска самоопределба која се пренесува народски кажано – од дедо-прадедо и се заснова врз бројни културни, јазични, фолклорни, етнички одлики, менталитет и колективно сеќавање.
Во подоцнежните буквално налудничави обиди да го негираат постоењето на македонскиот народ, Бугарите почнаа да тврдат дека таа идеја е српска (на пр. на Стојан Новаковиќ) за потоа да стасаат до тврдењето дека Македонците се некаков „производ“ на Коминтерната и на Јосип Броз Тито.
Како што појаснивме и претходно, од самите негови ставови и пишувања, дознаваме дека Коста Шахов најверојатно е тој неименуван Македонец, поддржан од Македонците кои престојувале во Софија на почетокот на 1890-тите (и пошироко). Шахов не е српски или грчки „воспитаник“, туку живее во турското вазално Кнежевство Бугарија, и постојано со останатите македонски дејци пишува за Древна Македонија и за новата, идна, возобновена држава Македонија „со нејзиниот славен антички елемент“.
Истиот Шахов е национално-идеолошкиот ментор на Гоце Делчев, на Лозарите, но и на Македонската револуционерна организација – МРО, подоцна наречена Внатрешна македонска револуционерна организација – ВМРО.
Главен уредник на весникот „Југозападна Бугарија“ е бугароманот Јордан Иванов. Тој, и 20 г. подоцна, во времето на Балканските и Првата светска војна, изјавувал дека „ќе сече глави и јазици“ ако некој спомне независна Македонија. Ова, според сведоштвата на Ризо Ризов, Александар Мартулков, Павел Шатев и други дејци на ВМРО.
Значи, и самите бугарски наци-шовинистички гласила уште тогаш – во 1893 г. јасно ја потврдуваат спротивставеноста на македонскиот национал-патриотизам и велико-бугарскиот наци-шовинизам – токму во годината кога Македонците ја добиваат ВМРО.
ИЗВОР: “Югозападна България”, Година I, Брой 10, София 13-й Hоемврий, 1893 г.
Сите реакции:

Stiv Veselinovski, Biljana Antoska Stojanov и 40 други

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа