Путин во неверување: „Загрижен сум што намерно не провоцираат да го нападнеме Киев“

Руските системи за противвоздушна одбрана добро реагираа, рече Владимир Путин и додаде дека вооружените сили на Русија извршиле успешен напад врз центрите на украинската разузнавачка служба.

 

Според лидерот, целта на нападот на Москва била да се исплаши локалното население и да се нападнат објектите на цивилната инфраструктура.

„Ова е карактеристика на терористичките активности“, истакна Путин, потсетувајќи дека Русија не прибегнува кон истите средства како Киев.

Тој посочи дека го загрижува тоа што режимот во Киев се надева оти Москва на ист начин ќе одговори на последните напади врз главниот град, што секако не би било во интерес на граѓаните на Украина.

 

„Загрижен сум што намерно не провоцираат за да добиеме реципрочен одговор. Ќе видиме што ќе направиме во врска со тоа“, посочи тој, а потоа додаде дека Украинците мора да бидат свесни што прави нивното раководство, односно какви дејствија ја предизвикуваат Русија да преземе.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа