Дали командантот на УЧК ги држи СДСМ во заробеништво? Вмровците бараат од Ахмети да го пушти Таче да седне на преговарачка маса со Мицковски

Според Ковачки, Ковачевски треба да се охрабри да прифати и организира  тет-а-тет средба со  Мицкоски.

 

Ковачевски кој што нема никаков авторитет во својата партија и во владата на ДУИ е потполно заборавен и запоставен,  истиот не може да донесе ниту една одлука самостојно. Видовме дека тоа не можеше да го направи ниту кога ја поднесуваше својата оставка, односно кога требаше да ги прашува челниците на ДУИ, односно Али Ахмети, изајви пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки на средбата со жителите на Смојмирово и Русиново во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите”.

Според Ковачки, Димитар Ковачевски треба да се охрабри да прифати и организира  тет-а-тет средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски затоа што само тоа е единствениот пат за излез од политичката криза која што ја создадоа СДС и ДУИ.

– Ковачевски не треба да се плаши и треба да побара одобрување од Али Ахмети – додаде Ковачки. 

Тој  апелираше  лидерот на ДУИ Ахмети да му даде одобрение на Ковачевски за средба со Мицкоски, бидејќи како што рече мора да се најде начин Македонија да излезе од оваа политичка криза во која се наоѓа.

– Апелираме до Али Ахмети да му даде одобрение на Ковачевски, да најде начин да дојде на таа средба, затоа што после неуспехот на уставните измени Македонија ќе западне во политичка криза. Македонија мора да најде начин да излезе од оваа ситуација – рече Ковачки.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа