И официјално е: Русија се врати меѓу десетте најголеми економии во светот

Врз основа на минатогодишните резултати, Русија повторно е меѓу десетте најголеми светски економии.

 

Ова се случи за прв пат по осум години, покажуваат податоците на Светската банка и националните статистички служби.

 

Во текот на изминатата година Русија произведе стоки и услуги во вредност од 2,3 трилиони долари, што и овозможи да го заземе осмото место во светот според тој показател, пишува Политика.

Последен пат Русија беше меѓу 10-те најголеми економии во светот во 2014 година, кога беше на деветтото место, со показател од 2,05 милиони долари. Минатата година таа беше на 11. место.

 

Најголема економија во светот минатата година беа Соединетите Американски Држави со номинален БДП од 25,46 трилиони долари. На второ место е Кина со 17,94 милијарди, а на трето Јапонија со 4,17 милијарди долари.

Германија остана на четвртата позиција со БДП од 4,07 трилиони долари, на петто место е Индија со 3,4 трилиони долари, Велика Британија ја задржа шестата позиција со 3,07 трилиони долари, а Франција остана седма со 2,78 трилиони долари.

На деветтото место е Канада со БДП од 2,14 милијарди долари, додека Италија падна за две позиции за една година и стигна до десеттото место, со показател од 2,01 милијарди долари. Јужна Кореја испадна од првите десет и сега е на 13-та позиција.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа