БОРИС САРАФОВ, 1903 г.: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕ СМЕ СРБИ, НИ БУГАРИ, НИЕ СМЕ САМО МАКЕДОНЦИ И САКАМЕ СЛОБОДА ЗА НАС, ЗА МАКЕДОНИЈА

На 12 јуни 1872, во селото Либјахово, Пиринска Македонија, роден е Борис Сарафов, македонски револуционер, претседател на Врховниот македонски комитет и подоцна член на Македонската револуционерна организација. Српскиот весник „Штампа“ во ноември 1903 година остварил разговор со Сарафов како еден од водачите на Илинденското востание. Разговорот бил воден во хотелот „Париз“ во Белград.
Сарафов во интервјуто ги истакнал следниве точки:
1. Македонците не се ни Срби, ни Бугари, туку само Македонци. Тие сакаат слобода за себе, за Македонија.
2. Тој пристигнал во Србија ја информира српската јавност за македонското дело и да испита дали може да се организира Македонски комитет, ист каков што е организиран во Бугарија (ВМК, з.н.), со цел поробените Македонци што побргу да се ослободат.
3. Само со слободна Македонија, Балканот може да се задржи под власта на балканските народи.
4. Бугарија и Србија сѐ уште не ја сфаќаат огромната важност идејата за автономија и залудно се борат за „Бугари“ и „Срби“ во Македонија.
5. Сѐ додека тлее шовинизам во Бугарија и во Србија, друга надворешна сила – Австрија ќе биде најсилната држава на Балканот.
6. Илинденското востание е „проба“ – крвава и страшна, во ослободувањето на Македонија. Но, „првиот чин“ допрва следи…
7. Нема слобода без крв и разрушување, но слободата на Македонците им е подрага и поважна од сѐ друго.
8. Колку и востанието да ги чини Македонците, цената за Турците-Османлии е многу поголема.
9. Македонските водачи не се задоволни од резултатите на Илинденското востание, но кај нив сигурно се родила надежта за остварување на крајната цел – држава Македонија.
При разговорот, новинарот констатира дека сите во Србија се заинтересирани да дознаат дали Сарафов и другите македонски водачи се задоволни со веќе стивнатато, но сѐ уште незавршено Илинденско востание. На тоа, Сарафов појаснува:
– „Како задоволен? За задоволство нема ни збор. Но, денес може да се зборува за сигурни надежи. Ова востание е главна проба на нашата работа за ослободувањето, значи првиот чин не е ни почнат. Него ние сега го спремаме. Пробата беше страшна и крвава и колку и да нѐ чинеше нас, далеку повеќе ги чинеше Турците… Нас ни е жал за секој Македонец кого востанието материјално го оштети. Уште повеќе ни е жал за оние храбри другари кои изгинаа. Но, нема слобода без цена во крв и имотнина. Ним, впрочем, подрага и поважна им е слободата од сѐ друго“.
На забелешката дека во Србија сѐ повеќе се буди интересирањето за „Стара Србија и Македонија“, но дека различно ќе се толкува посетата на македонски водачи во Белград, Сарафов истакнува:
– „Можно е, можно е, но мојата намера е сосема проста и јасна. Јас сакам да го заинтересирам српското општество со македонската програма и со судбината на Македонија, и за таа цел ќе соработувам со моите истомисленици. Ако успееме и во Србија да организираме македонски комитет, како што направивме во Бугарија, златната слобода побргу ќе им се насмее на македонските робови. Штом ќе се вратам од пат, ќе видиме дали има почва за таква работа“.
Сарафов вели дека Македонците не се надеваат дека ќе ги придобијат австриските и руските политичари за македонското дело, но дека многу повеќе се насочени кон придобивање на јавното мислење во Англија, Франција и Италија, па во таа насока била и неговата посета во тие земји. Додатно, Сарафов посочува како Австро-Унгарија се обидува да го употреби македонското востание за да се вмеша во Отоманска Турција и да ги прошири своите граници на југ сѐ до Митровица (денес во Косово), па и појужно, доколку тоа ѝ биде дозволено.
Новинарот се вмешал со констатација дека мнозинството граѓани во Србија го мисли истото и затоа на Илинденското востание се гледало како на „меч со две острици“. На тоа Сарафов одговара:
– „Додека има шовинизам во Бугарија и во Србија, Австрија ќе биде најсилната на Балканот. Во Србија и во Бугарија сѐ уште не ја сфаќаат огромната важност на македонската автономија и затоа се борат за Бугари и Срби во Македонија. Ние Македонците не сме ни Бугари, ниту Срби. Ние сме само Македонци и сакаме слобода за нас, за Македонија. Затоа и нашата програма е: балканска конфедерација. Само со слободна Македонија може да се дојде до таа цел и до задржувањето на Балканот под власта на балканските народи“.
ИЗВОР: „Шта мисли Борис Сарафов (разговор једног пријатеља ‘Штампе’ са вођoм устаника у Маћедонији)”, „Штампа“, број 312, Београд, недеља 30 новембрa, 1903 г., стр. 1.
Претходно во папкава, објавивме слични изјави на Сарафов, на пр. за британскиот и францускиот печат. Еве 2 од нив:
Сите реакции:

Zvonko Yarchevski, Златко Крстевски и 57 други

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа