Најчевска за Меџити: Неписмената будала треба веднаш да биде кривично гонета, тој не е ставен за министер за да се грижи за граѓаните на други држави, вели

Неписмената будала треба веднаш да биде кривично гонета за злоупотреба на службената должност, а составен дел на казната да бидат читање на Уставот, Законот за државјанството, Законот за здравственото осигурување, Законот за здравствената заштита, Законот за Владата, Законот за органите на управата и секако Кривичниот законик, вели професорката Мирјана Најчевска за министерот Фатмир Меџити, кој вчера изјави дека граѓаните на Косово и Албанија ќе плаќаат исти цени за лекување во нашето државно здравство, како и македонските граѓани.

Неговата изјава предизвика реакции во јавноста, меѓу кои и од Најчевска. Таа вели дека Меџити не е ставен за министер за да се грижи за граѓаните на други држави, туку за граѓаните на Македонија.

„Неписмени крелци не смее да бидат поставени на раководни позиции. А Ковачевски да престане лажно да се претставува како премиер.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа