КОНФЛИКТОТ НА ПРИГОЖИН И ШОИГУ ПРОДОЛЖУВА! „ВАГНЕР“ НЕМА ПОВЕЌЕ ДА СЕ ТЕПА ВО УКРАИНА? Лидерот одби да потпише важен документ
Евгениј Пригожин минатиот месец ги повлече борците од групата „Вагнер“ на одмор и прегрупирање.
Евгениј Пригожин , основачот на руската приватна паравоена организација „Вагнер“, денеска изјави дека не е сигурен дали членовите на таа група ќе продолжат да се борат во Украина.
Пригожин на новинарско прашање одговори дека не е сигурен дека „Вагнер“ ќе биде ангажиран во Украина бидејќи одбил да ја стави групата под команда на руското Министерство за одбрана , пренесе Ројтерс. Инаку, членовите на оваа група се бореле и на Блискиот Исток и во Африка.
Минатиот месец Пригожин ги повлече борците од групата „Вагнер“ да се одморат и да се прегрупираат по повеќемесечната битка за Бахмут. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу потпиша наредба со која се бара од сите доброволни воени единици да потпишат договори со Министерството за одбрана до 1 јули за да добијат правен статус.