Бабичка го пронајде Ападиев во Ваташа и му ја раскажа тажната приказна за нејзината сестра која се борела со бугарските фашисти

 

Денес, по повод 80 годишнината од масакрот на 12-те другари во ВАТАША, имав чест – во присуство на членови на семејството – да ја откријам новата биста на скоевецот Ристо Ѓондев (1925-1943) – кој беше стрелан од страна на бугарскиот фашистички окупатор на свои неполни 18 години.

p.s. Бабичката на сликата е родената сестра на велешката партизанка Марија Маца Овчарова (1922-1943), која на 21 година е тешко ранета и заробена од Бугарите во селото Р’левци. Откако крвнички ја мачеле, во Маца испукале неколку куршуми и така застрелана, додека се уште крварела и неконтролирано претала од болка, жива ја закопале во ископаната јама! 😢

p.s. „Закити, друже, огнена пушка
со цвеќа млади,
па напред појди и други деца
брани со гради”. 🖤

#КрвописЕИВаташа
#НеПростувамеНеЗабораваме
#НеЗаБугариВоУстав

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа