Весник од 1925: МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ИЗВОР НА СВЕТСКАТА КУЛТУРА И ИМААТ НАЈГОЛЕМА УЛОГА И ПРИДОНЕС КОН ЧОВЕШТВОТО

Весникот „Македонско сознание“ во 1925 година објавил статија во којашто ги истакнува културните заслуги на македонскиот народ и конкретно дискутира за богомилството како една тие придобивки за човештвото.
Авторот на статијата, кој пишува под псевдонимот „Анин“, направил преглед во пет точки на причините за појавата на богомилството, за неговата самобитност и суштина, како и за влијанието врз другите народи. Toj пред сѐ констатира дека борбите на Балканот за завладување на оној „златен рудник“ (имено – Македонија), се своевидна класика.
– „Меѓународните патишта, природните богатства, излезот на море и стартешките предности на Македонија се вечно оспоруваните елементи на жестоките борби за неа. И наспроти непостигнатата цел, Македонија сѐ уште останува (нивна) мечта. Во виорот на судирите, Македонија стана спроводник на неколку култури, а македонскиот народ во својата борба за живот се искали и дообликува, и политички и социјално“, пишува тој.
Авторот вели и дека борбите за Македонија се променливи, па не долго по постигнатите успеси, влијанија и победи следуваат разочарувања, разбивања и падови.
– „При тие услови македонскиот народ создал идеи, коишто со гордост можат да се сметат како големи културни заслуги кон човештвото. Една од најкрупните заслуги на Македонците неоспорно е богомилството.“
Авторот пишува дека богомилското учење со оглед на влијанието на општествено-социјалните поделби, го дели светот на два табора: тие кои се „за“ и оние „против“ него. Разгледувањето на тоа двојство честопати остава темни странички за условите во коишто богомилството се родило, за културната моќ на онаа земја од каде што потекнува, за влијанието вpз другите народи – посебно Чесите, и за значењето на тоа учење како своевиден прародител на денешните социјални борби сред човештвото.
„По сѐ ова, ако величави споменици не го посведочат значењето на поп-богомиловите идеи, ако во руините на настаните лежи неможноста на македонскиот народ да го издигне ликот на својот патријарх на политичко-социјалните идеи на неопходната вистина, тоа утре нема ли да ја пречека зората, кога македонскиот народ слободен, подреден под културното знаме на другите слободни народи поздравувајќи го најголемиот реформатор на Европа – поп Богомил, учителот на Вилкеф, Лутер, Цвингли, Калвин, Хус, Маркс, Крoпoткин и Толстој?“, прашува авторот хипотетички.
Неговиот заклучок гласи: Тој спомен ќе биде овековечен во културната историја на Македонија!
ИЗВОР: „Македония и културната и роля“, Македонско съзнание, 25 февруари 1925 г., бр. 4, стр. 3 – 4.
ЗАБЕЛЕШКА: Весникот „Македонско сознание“ е пишуван на литературниот јазик што издавачите го изучувале во образовните установи. Ова гласило се издавало во Швајцарија, и написите морале да бидат објавени на признат и официјално кодифициран јазик. Во случајов, тоа се бугарскиот и францускиот јазик.
Македонскиот јазик тогаш – 1925 г., сѐ уште не е кодифициран и сѐ уште не е меѓународно признат, така што Европејците тешко би дозволиле да се пишува на некодифициран јазик. Но, напишаното морало да биде разбирливо и за Македонците кои не знаат француски, германски, шпански јазик, итн. Сепак, тнр. бугарски (којшто не е турко-татарски јазик, туку е словенско наречје), е поблизок до македонскиот јазик. —/
Сите реакции:

Zvonko Yarchevski, Славко Санев и 56 други

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа