Експлозија на Геровски: Дали Нечиста Крв била режирана за да се намали цената на болницата на Жан Митрв?

4. Дали бизнис интересите на моќниот и несомнено способен бизнисмен Клодијан Алајбеу се протегаат и на Кванташкиот пазар во Скопје? Ако е така, јас верувам дека и тука нема ништо спорно, но сепак јавноста треба тоа да го знае. А треба да знае и дали луѓе од поранешната влада на Зоран Заев, вклучувајќи го и него самиот, имаат некаква врска со таа работа.

5. Би сакал јавно да прашам дали Венко Филипче и Зоран Заев биле посредници или олеснувачи на зделката за продажбата на болницата на д-р Жан Митрев? Ако не биле, никому ништо. Но ако биле, прашувам – кој бил нивниот интерес?

6. Дали целата драма околу „нечистата крв“ на д-р Жан Митрев беше режирана со намера да се намали цената на неговата болница и да им се овозможи на потенцијалните купувачи да ја купат по далеку пониска цена од нејзината реална вредност?

Ќе бидам индискретен и јавно ќе посведочам дека ова го имам слушнато лично од д-р Митрев. Нека повели нека ме демантира, ако смета дека тоа би било чесно од негова страна.

Патем речено, не ми е јасно и уште едно техничко, но важно прашање: дали имотот на д-р Жан Митрев е замрзнат, или сепак е слободен за продавање?

 

текстот во целост на Плус Инфо

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа