Уште не е поднесена кривична пријава за знамето на ЛГБТ кое беше со исти димензии со знамето од Кутлеш во Охрид за кое МВР експресно реагираше

 

СВР Скопје денеска не поднесол пријава за учесниците на парадата на гордоста кои во рамки на маршот за поддршка на ЛГБТ заедницата истакнале големо знаме со боите на виножитото.

 

Истакнувањето на ова знаме не предизвика нарушување на јавниот ред и мир но покажува колкава дискриминација постои во Макеоднија при третманот на различни групи луѓе.

Додека министерот Спасовски оправдано не ги гони луѓето што го истакнале знамето со боите на виножитото во Скопје, пред судот во Охрид по негов налог во тек се два процеси за истакнување на знамето со сонцето од Кутлеш.

Иако и ова знаме не го прекрши јавниот ред и мир сепак СВР Охрид по наредба на Спасовски покрена две пријави за адвокатот Тони Менкиноски кој го истакна знамето.

Меѓу двете знамиња има огромни разлики во пораките што ги носат но нема никаква разлика во делот на содржаност на државни симболи пропишани со закон, како што стои во пријавата од МВР против Менкиноски кој се гони затоа што истакнал знаме кое не содржи државни симболи според законот.

Со непостапувањето на Спасовски во Скопје за знамето на виножитото а постапувањето во Охрид за знамето со сонцето од Кутлеш се поставува дилема кој всушност навистина е дискриминиран во Македонија.

Ако се суди според постапките на Спасовски и МВР дискриминирани се само Македонците кои се гонат затоа што според министерот тие не смеат да го истакнуваат својот етнички симбол преточен во сонцето од Кутлеш.

Против адвокатот Тони Менкиноски МВР по налог на кабинетот на министерот Оливер Спасовски досега има поднесено 2 пријави пред судот во Охрид.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа