Лидерот на опозициската партија Сириза, Алексис Ципрас, поднесе оставка по тешкиот пораз на националните избори во неделата, пренесоа светските агенции.

Ципрас се очекуваше да има обраќање подоцна во четврток.

 

„Нова демократија“ доби 40,37 отсто наспроти 17,78 отсто за „Сириза“. ПАСОК е трет со 12,66%. Комунистите (ККЕ) се четврти со 7,29 отсто.

Лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас, претходно во неделата изјави дека левичарите ќе свикаат конгрес за да го одлучат патот напред пред европските избори следната година.

„Партиските членови ќе одлучуваат наместо мене“, рече Ципрас, негирајќи ги шпекулациите дека може да се повлече. За СИРИЗА заврши голем и креативен историски циклус“, вели тој.