ЌЕ СЕ НАЈДЕ ЛИ НЕКОЈ СИН НА ФУНКЦИОНЕР НА ДУИ ДА ГИ КУПИ ТИНЕКС ОТКАКО ГО УАПСИЈА ГАЗДАТА?

 

Екс градоначалникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ, екс претседавачот со советот на општината Владимир Здравев и неколку други лица се уапсени по цели 5 години откако била почната истрага за нивните активности со мостот ,,Око”.

 

 

 

Наредба за спроведување истражна постапка против три лица од надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал била донесена во текот на 2018 година кога ова обвинителство кое сега го води кадар на ДУИ по добивање на предметот од Основното јавно обвинителство – Скопје.

 

Тогаш според обвинителство постоело сомневање за трите лица кои сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.

 

Процесот почнал по пријава од Управата за финансиска полиција која ја водеше контроверзниот функционер на СДСМ Арафат Муареми кој гонеше три лица, меѓу кои и ексградоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, во врска со изградбата на мостот.

 

Според ЈО осомничените, во периодот од 2009 до 2012 година, при спроведување постапка за јавни набавки, со неизвршување на својата службена должност овозможиле изведувачот на проектот за изградба на пешачкиот мост „Око“ на реката Вардар да стекне имотна корист во износ од 26.653.424 денари.

 

По склучување на договорот во висина од 92.546.647 денари за јавна набавка на работи, Општина Центар како инвеститор, од една страна, и изведувачот на градежните работи, од друга, склучен е и анекс на договорот за јавна набавка, со што вредноста на договорот се зголемила на износ од 119.197.783 денари.

 

„Првоосомичениот како извршен орган на Општината и потписник на договорот за јавни набавки и анекс-договорот за јавна набавка, второосомничениот како потписник на барањата за исплата, кој имал обврска да ја проверува документацијата и со тоа да го следи степенот на реализација на проектот, и третоосомничениот како овластено одговорно лице за следење на текот на изведбата на проектот во согласност со договорот, не ги запазиле законските одредби од Законот за јавните набавки. Осомничените во согласност со своите надлежности не презеле активности за активирање и наплата на банкарските гаранции депонирани во деловните банки од страна на изведувачот, ниту побарале продолжување на рокот на важност на гаранциите во износ од 8.773.714 денари за дадените аванси“, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство на Република Македонија од 2018 година.

 

Оттаму тогаш објавија дека првоосомничениот во согласност со склучениот анекс-договор, иако бил обврзан, не го продолжил рокот на важност на банкарската гаранција за навремено и квалитетно извршување на работите во износ од 17.879.710 денари, која, по раскинувањето на договорот, требало да ја активира и наплати во корист на Општина Центар.

 

Апсењето на Тодоровиќ и Здравев се случува на најмногу десетина месеци пред следните парламентарни избори во моменти кога владата на СДСМ и ДУИ е под силен притисок да ја засили борбата против корупцијата.

 

Паралелно во јавноста има шпекулации дека компанијата Тинекс на Тодоровиќ е под силен притисок да биде купена од бизнисмени блиски на ДУИ.

За апсењето на Тодоровиќ и Здравев

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа