Ајде кажете ги! КОИ СЕ БРЕ ТИЕ БУГАРИ ШТО ЈА СОЗДАЛЕ МАКЕДОНИЈА_

 

Професорката Мирјана Најчевска со пост на Фејсбук се осврнува на Уставот на нашата земја, укажувајќи дека нема историска оправданост во вметнување на Бугарите во него.

 

Таа во својот долг пост укажа од каде и кои народи се нашле во преамбулата, и дека „доставањето“ на Бугарите воопшто нема да одговара на историјата и фактите.

 

– Граѓаните на Република Македонија, Македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на нивната татковина, свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање самостојна и суверена држава Македонија и одговорни пред идните генерации за зачувување и развој на с# што е вредно од богатото културно наследство и соживот во Македонија, еднакви во своите права и обврски кон заедничкото добро – Република Македонија – во согласност со традицијата на Крушевската Република и одлуките на АСНОМ и на Референдумот од 8 септември 1991 година, одлучија да ја конституираат Република Македонија како самостојна, суверена држава, со намера да се воспостави и зацврсти владеењето на правото, да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи, да се обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот…

 

Ваква каква што е преамбулата не одговара на историските факти.

Доколку на сето ова се додадат и Бугарите тоа само по себе ќе биде извитоперување на историјата.

Кои се тие претци на Бугарите кои учествувале во создавање на македонската држава како самостојна и суверена? Па целокупната историја укажува токму на спротивното дека Бугарите од петни жили се труделе да нема самостојна и суберена држава Македонија – напиша Најчевска.

Нејзиниот пост ги разбранува граѓаните, од кои дел укажуваат на маните на планот на вметнување на Бугарите во уставот, но има и такви кои укажуваат дека не се почитуваат никакви вредности во земјава и дека воопшто џабе ја имаме преамбулата.

 

 

 

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа