Потомци на Александар Македонци од Пакистан и ден денес ја чуваат и негуваат македонската култура, живот и традиција! Погледнете како изгледаат калашите чедата александрови

Можно е да е слика од 2 луѓе и дете

Хунза
Повеќе од 22 века, сè до денес го зачувале својот стар архаичен начин на живот, култура и традиција.
Калаши народ се мала (околу 3.000–6.000 луѓе) изолирана етничка група, најмала верска заедница која живее во денешената северозападна погранична провинција на Пакистан во регионот Хинду Куш. Калашите ја населуваат Долината Калаш.
Она што ја прави оваа етничка група уникатна, единствена и несвојствена за целиот овој поширок регион е пред сè физичкиот изглед на Калашите (посветлиот тен на кожата, светлите, плави очи и светлата плава коса), старите пагански верувања, ритуали и богови, јазикот наречен Khalasha (форма на индоевропски јазик, различен од оние кои се говорат во околината), богатата култура и традиција, еповите, љубовните песни и идиомите кои демонстрираат во голема мера автентична мудрост и човечко искуство.
Но најинтересно од се е нивното тврдење дека се директни потомци од војската на Александар Македонски (тие го викаат Александар Маќедон, Маќедониа) кој во својот освојувачки поход кон Индија, 327 п.н.е., поминал и на оваа теритротија (според Плутарх и Аријан, Македонската војска стиганла до „Ниса“, денешен Кафиристан — територијата на Калшите) и на стратешките места основал населби и војнички стражарници (пунктови). Според старата легендата која се раскажувала меѓу Калашите со генерации наназад, Александар Македонски оставил дел од своите трупи во појасот на денешната долина Калаш со аманет да ја чуваат територијата до неговото повторно враќање од походот кон исток (битките во Индија) притоа да не ја менуваат својата култура, традиција и верувања. Калашите според многу денешни етнолози и историчари токму тоа и го сториле.
Според тамошните преданија, народот влече корени од генералот Шалак Шах од Циама, на кого на управување му е дадена областа во којашто денес живеат Калашите
Долината Читрал, освен на Калашите дом е и на жителите од исламска вероисповед. Тамошните муслиманки најчесто носат хиџаб, додека жените на Калашите се издвојуваат со својата колоритна народна носија.
Жените на народот Калаш во Пакистан, од раѓањето па сè до староста сите свои активности ги извршуваат облечени во рачно изработена традиционална облека со разни бои и дезени.
Освен со носиите, жените се украсуваат и со водени бои, перја на птици, каменчиња и бисери.
Колоритниот сплет на бои на облеката на жените е внимателно одбран, со украсени рабови на ракавите и ногавиците, со извезени цветови, со женски капи, марами, со исцртани раце и лице, додека косата на речиси сите жени Калаши се сплетени во плетенки.
Негувајќи ги своите обичаи, Калашите и денес живеат во куќи од камен, своите тела, облека и садови ги мијат на изворите и во коритата на реките. Познати се собирите и дружењата на тамошните жени, на кои се подготвуваат разни јадења од пченка, пченица, ореви, кајсии и дудинки.
Долината којашто ја населуваат Калашите е вистински рај за туристите поради тиркизните реки и планинските масиви покриени со снег.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа