ТРЕТАТА АЛБАНСКА ДРЖАВА ЌЕ СЕ ФОРМИРА ВО МАКЕДОНИЈА ТВРДИ ПОРАНЕШЕН ПРАТЕНИК ВО АЛБАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

„Досега, во историјата на нашето време две албански држави – Албанија и Косово – се во целосна правна функција и во рамки на меѓународното право. Но, како што одат работите, треба да се појават како независна држава и еден милион Албанци, кои живеат во * Македонија.“ – тврди Спартак Нѓела во својата колумна со наслов „Ќе ја има ли третата албанска држава во Македонија“, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија – ИНА. Нѓела е адвокат, бил поранешен политичар, министер за правда во 1997 година, основач на Партијата „Закон и правда“ во 2008 година и пратеник во албанскиот Парламент од 2005 до 2009 година.

Наспроти мегаломанските ставови на Нѓела, кои немаат никаква врска со реалноста, конкретно што се однесува до Македонија, во својата анализа со индикативен наслов „Уништувањето на албанството во * Македонија“, објавена во политичката ревија на албански јазик „Шења“, а пренесена од агенцијата на албански јазик Илирија – ИНА, политичкиот аналитичар и универзитетски професор д-р Мерсел Билали напиша: „Демографите анализираат дека во оваа земја, каде огромно мнозинство се постари од 50 години, останале не повеќе од 220 илјади Албанци. Овој човечки егзодус ќе остане запишан во историјата како една колективна трагедија.“

 

Покрај другото, во својата колумна Спартак Нѓела пишува: Ќе има ли и трета албанска држава на Западниот Балкан со еден милион етнички Албанци, кои живеат во * Македонија? Уште од Националната преродба, уште од независноста на Албанија се до независноста на Косово Албанците чекаа нивната Национална преродба да стане сеалбанска реалност. Ова сега и доаѓа. Во Западниот Балкан  денес има две албански држави со 5 милиони Албанци. Се очекува и третата албанска држава со еден милион Албанци: во * Македонија. Ова е логиката на времето, која гласи: ќе се случи и тоа.

Се што се случува во Западниот Балкан е во полза на албанското прашање. Кризата во Србија избувна како последица на загубата на Косово. Кризата во Србија се случува, поради засилувањето на албанството во Илирскиот полуостров. Се е во корист на Косово и Албанија.

Треба да знаат добро и Грција, и Србија, и Црна Гора, и * Македонија дека албанското прашање не е завршено. Албанците, под удар насилно во овие четири држави, ќе се обединат со своите албански етнички територии во единствена држава: ова ќе биде последната битка во болната историја на Албанија. Овој процес започна, бидејќи во Западниот Балкан веќе има две албански држави: Косово и Албанија. Се очекува и создавањето на третата албанска држава со еден милион Албанци од * Македонија.

Но, нема да заостане ниту Чамерија во овој сеалбански процес. Затоа, треба да знаат добро и Београд, и Москва, и Атина дека повеќе не можат да го запрат овој сеалбански процес, кој започна со независноста на Косово. Обединета Албанија денес е висок интерес на Атлантскиот сојуз, сакаат, или не сакаат  две, или три држави на тој сојуз. Без Албанскиот свет во Западниот Балкан Америка воопшто не може да ги искорне Владимир Путин и Русија. Процесот на тоа искоренување започна со воениот судир Русија-Украина. Албанија е во очекување на растурањето на Русија и Србија.

Ова е основната причина за Националната преродба на Албанците во овој историски период. Големите европски сили со сила спроведуваа блокада на Албанскиот национален дух  во изминатата 120-годишна историја, но времето сега работи за Албанците.

Сиот албански свет во Западниот Балкан токму сега ја чека новата албанска република во Македонија. Ова ќе биде последната голема победа на Албанците против долгогодишната словенска окупација. Денеска во Македонија живеат 1 милион автохтони Албанци и тие без никаква сомнеж ќе се обединат во создавањето на Обединета Албанија. Да видиме дали албанските водачи во Скопје и Тетово ќе успеат да ја доведат оваа нова албанска држава во Западниот Балкан на сцената на времето?

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа