Јоци: СДСМ и ДУИ се готови, им се бројат часови, а Гоца за година-две ќе излезе посилна од било кога. Прочистена и исчистена. Искрено не верувам дека повторно би влегла во политика. Туку…на овие хиениве кој ќе им ги гледа гревоите после избори, е тоа не знам.

Јоци за Јанкуловска:  Жената која во 2015 сите ја шиканираа и оцрнуваа поради Заев, во 2023 е симбол на непоокр, цврстина и стаменост

Во тињата од медиумска какафонија, некако незабележано помина веста дека Гордана Јанкуловска за првпат по 3 години искористи слободен викенд.

 

За првпат си го виде детето, а таа средба да не е преку решетки.

 

Жената која сите ја мразеа, шиканираа и оцрнуваа, затоа што Зоран Заев реши да пушта и бонус ленти кои реално не беа предмет на кривични дела, можам слободно да заклучам, во 2023 е симбол на непокор, цврстина и стаменост.

 

Жената, чиј звук од штикли звучеше страшно преку жица во 2015, во 2023 е романтична хероина, рамна на холувудска ѕвезда.

 

Секој би сакал да прочита кој е нејзиниот рецепт за издржливост и како ги преживеа хиените. Како се храни, дали вежба и што чита.

 

Жената на која омилен глумец и` беше Хју Грант и обожуваше романтични комедии, не успеаја да ја скршат!

 

А, тоа имено им беше и целта пошто она реално лежи за ,,тоа на М”, лимузина која владата и ден-денес ја користи.

Целта беше да се скрши моќна политичка фигура, а и секаков отпор на јавна сцена. Преку неа и Миле, беше пратена пораката до сите. И преку луѓето кои лежат за ,,27 април”.

Во 2023 друга песна се пее, гневот расте ли расте. Тоа што звучеше страшно во 2015, во 2023 не е ни приближно страшно во однос на криминалите од 7-годишното владеење на СДСМ/ДУИ.

Овие се веќе готови, им се бројат часови, а Гоца за година-две ќе излезе посилна од било кога. Прочистена и исчистена. Искрено не верувам дека повторно би влегла во политика.

Туку…на овие хиениве кој ќе им ги гледа гревоите после избори, е тоа не знам.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа