ВОЛКАНОВСКИ: Татко ми е Македонец од битолско Беранци, мајка ми е од Грција, вели шампионот кој се нарекува Александар Велики

ВОЛКАНОВСКИ: Татко ми е Македонец од битолско Беранци, мајка ми е од Грција, вели шампионот кој се нарекува Александар Велики

 

УФЦ шампионот Александар Волкановски јавно се огласи откако од неговиот ривал беше наречен Полјак и објасни дека неговото потекло е од Македонија, дека неговиот татко е Македонец, а неговата мајка Гркинка.

Волкановски реагираше откако легендарниот Конор Мек Грегор објави коментар на Твитер дека „Волкановски можеби е Полјак“.

– Мојот татко е Македонец, а Волкановски е македонско презиме. Мојата мајка е Гркинка, моминското презиме ѝ е Калменидис. Значи, татко Македонец, мајка Гркинка“, објави УФЦ шампионот Александер Велики Волкановски.

Татко му е од село Беранци, Битолско, додека мајка му е од Грција. Поради тоа што е дете од мешан македонско-грчки брак, сам одамна си го даде прекарот Велики, бидејќи е ист случај како и Александар Велики Македонски – од македонски татко (Филип II) и грчка мајка (Олимпија).

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа