Зошто никој не го спомнува овој човек!? Ова е прилепчанецот кој бил Премиер на Турција и претседател на турското собрание!

9tu12

Али Фетхи Окијар, Еден од најзначајните политички личности на Современата Турска држава од периодот на нејзиното формирање.

 

Градот Прилеп е роден крај и дом на многу познати личности низ историјата. Денеска нашиот симбол е Методија Андонов Ченто, но секако нетреба да ги заборавиме и останатите негови синови и керќи. Некој од нив целиот свој животен пат го поминале во родниот град, а некои продолжиле да живеат во други градови и земји низ целиот свет, но за сите заедничко им било и останало дека се прилепчани.

 

9tu1

Али Фетхи Окијар роден е 29 Април 1880 1880 г. во Прилеп, во черкеско семејство, починал на 7 мај 1943 година во Истанбул.

 

Али Фетхи Окијар ( Alı Fethi Okyar ) во Прилеп со семејството останува до својата осма година, а потоа се преселува во Битола каде го завршува основното и Средното воено училиште (Askeri Idadesi). Во овај период во средното воено училиште започнува пријателството и другарството со таткото на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк,  кое траело до крајот на нивниот живот ( Мустафа Кемал Ататурк починал на 10 Ноември 1938 година).

 

Али Фетхи Окијар бил човекот од доверба на Ататурк. Во одлучувачките воени и политички моменти секогаш биле заедно. Во текот на својата политичка кариера Али Фети Окијар ги извршувал следните политички и државнички функции:

– Председател на националното собрание на Р. Турција,

– Премиер на Р. Турција,

– Министер за одбрана,

– Министер за Внатрешни работи,

– Пратеник во Народното собрание на Р. Турција.

Али Фетхи Окијар починал на 7 мај 1943 година во Истанбул.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа