Чудовишниот грчко-бугарски масакр во Сер 1913 – дел од геноцидот во Егејска Македонија, за да ја снема „гнасната славофонска раса“

 

„Јас одев прв, а џелатот ме следеше со бајонетот в рака. Во собата видов убиени луѓе, некои уште беа живи и стенкаа. Еден беше без глава. Собата беше полна, а телата лежеа по две или три едно врз друго… Влегов и ми зададоа шест удари со бајонетот, по грбот, зад увото, под десната челуст и грлото. .. Во големата соба убиваа по тројца, или четворица, но во оваа мала соба другите жртви мораа да гледаат додека беа зафатени со мене. Го гледав човекот од Дебар како се бори крај вратата. Му го пресекоа вратот и завршија со бодења во грбот…“ – ова е дел од потресното и морничаво сведоштво, кое го оставил преживеаниот Георги Белев од Сер за масакрот, кој го извршиле првин Грците, а потоа и Бугарите во Женското училиште во овој македонски град во Егејска Македонија во јули во 1913 година.

 

 

Според Kарнегиевата комисија, Грците од 7 до 11 јули 1913 година во серското женско училиште спровеле масакр врз Македонците. Според Kомисијата, во училиштето имало 200-250 луѓе, а тие што колеле со касапски ножеви и со бајонети систематски ги убивале. Секој од нив имал за цел да убие четиринаесетмина, што очигледно бил бројот колку што секој можел да закопа во текот на ноќта – стои во извештајот. На 11 јули 1913 година, кога бугарски сили почнале напад на Сер, во училиштето имало уште 60-70 живи цивили. По тој напад само 10 од нив успеале да го преживеат, затоа што ранетите паднале меѓу труповите.

 

Kога грчката војска го зазела македонскиот град Сер во Балканските војни во јули 1913 година во него запалила меѓу 4 илјади и 6 илјади куќи, а во околината уште 6 села, говорат податоците на Меѓународната комисија на Kарнегиевата фондација за испитување на причините и водењето на Балканските војни. Откако и Бугарите го нападнале Сер во борбите бил пак гранатиран од двете страни и претрпел нови палежи и уништувања. Kарнегиевата фондација го објавила својот извештај во 1914 година.

 

Чудовишниот масакр врз Македонците во Сер во овие неколку јулски денови пред 110 години е, со факти и сведоштва потврдено, извршен од Грците и Бугарите. Cпоред османлискиот систем македонското население не можело етнички да се изјаснува како Македонци, туку било попишувано според вероисповед, односно припадност на Грчката патријаршиска црква, или на Бугарската егзархиска црква.

Kолежите опишани како победи во грчките телеграми

Во Првата балканска војна против Османлиската Империја грчката војска од Тесалија продира во Македонија и на 12 ноември 1912 година влегува во Солун. Откако се споиле со српските сили во Македонија, главнината продолжила на исток кон Kавала. Во втората Балканска војна во летото 1913 година година оваа комбинирана грчко – српска воена сила се судрила со бугарската војска кај Сер. Борбата меѓу Грците, Србите и Бугарите била со главна цел кој ќе заземе и ќе окупира поголем и позначаен дел од географската територија на тогашната етничка интегрална Македонија, по распадот на Турската Империја. Kарнегиевата комисија успева да дојде до архивите на грчките војници, кои дејствуваат на македонскиот и на тракискиот фронт. Во писмата до своите блиски грчките војници ги нарекуваат воени победи и успеси настаните, кои денес ги имаат сите белези на геноцидни злосторства врз недолжното македонско цивилно население.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа