Ајде сеите со подршка за ова момче! Младиот генетичар од Гевгелија ја доби првата битка со судот за името Македонија

Менкиноски: Користењето на името „Македонија“ е наше генетско право, ќе  одиме до крај против забраната - Нова Македонија

Управниот суд го поништи Решението на Министерството за правда со кое се забранува употребата на терминот „Македонија“ не само во името на невладината  организација на Џундев, туку и во целокупната употреба од сите физички и правни лица. Според адвокатот Тони Менкиновски, кој го застапуваше тужителот, Димитар Џундев, ваквата судска одлука „претставува добиена битка, но војната сѐ уште не е добиена“. Минатиот четврток Министерот за Правда донесе ново решение со кое се дозволува употребата на терминот „Македонија“.Во судскиот процес докажавме дека наметнувањето на “северна” ги прекршува моите (но и нашите) основни човекови права и слободи загарантирани со Уставот и Универзалната декларација за човековите права. Оваа правна победа има историска димензија од повеќе аспекти, вели младиот генетичар кој  викендов  престојуваше во својата родна Гевгелија. Го искористивме неговиот престој, повторно, ексклузивно за весникот  ВЕЧЕР  да поразговараме за тоа што претставува оваа одлука на Управниот суд во неговата „војна“ за тргнување на придавката „северна“ од уставното име на Република Македонија.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа