Кој ги факт-чекира факт-чекерите и кои служат како цензори и фејсбук полицајци против слободата на говорот и демократијата?

Статус на Јована Мојсоска – член на Президиумот на Левица.


Страната на единствениот ‘факт-чекер’ во Македонија – Вистиномер речиси и да нема разлика од сајт на СДСМ со презентација колку владини проекти од програмата реализирале во мандатот.

Дека ситуацијата не е за потценување е фактот дека власта на прес-конференција најави засилена “борба против лажните вести од независни (?) факт-чекери”. Вистиномер има ексклузивно право (со амин од државата) да бриши вести, банира фб страни и намалува видливост на објави на социјални мрежи.

Прашањето е: кој ги факт-чекира факт-чекерите? Кој врши контрола дека нема да дојде до злоупотреба на дискреционото право да цензурираат под изговор за заштита на демократијата? И од каде влечи легитимитет оваа организација да ја толкува мислата, сарказмот и цинизмот на социјални мрежи – каде го презентирале своето искуство, образование, лични заложби и визија за да бидат модерна полиција на мислата?

Ако единствениот легитимитет го влечат од режимот на власт, тогаш палењето на книгите ќе добие современа форма во новите факт-чекери на мислата.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа