Ќе ве растажи љубовната приказна на Гоце Делчев: ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ЈА ПРЕДАЛ СВОЈАТАЉУБЕНА НА МИХАИЛ ЃЕРЏИКОВ: – „Ако се случи нешто со мене, ако ме убијат, има две нешта за кои милеам – татковината и Јанка. Чувај ги и двете. Ако некогаш, подоцна, се родат некакви чувства меѓу тебе и Јанка, бидете благословени”. Герџиков во 1913 година се венчал со Каневчева, исполнувајќи го Гоцевиот завет три години откако се родила нивната вонбрачна ќерка Магда

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, ЈАНКА КАНЕВЧЕВА И МИХАИЛ ГЕРЏИКОВ
Благодарност до Диме Ратајкоски и Душко Апостолоски за досега необјавената фотографија со Јустинијана (Јанка) Каневчева, Михаил Герџиков и нивната ќерка Магда Герџикова од 1913 година. Текстот за фотографијата е даден во скратена верзија.
Фотографијата е дел од приватната архива „Апостолоски и Ратајкоски“ во која спаѓа колекцијата од над 100 оригинални фотографии и разгледници од периодот на македонското Илиденско востание.
Фотографијата раскажува дел од љубовната приказна на македонскиот водач Гоце Делчев и Јанка Каневчева – една од најромантичните и истовремено најтрагични приказни во времето на македонската револуционерна епопеја. Сеќавањата на нивните најблиски другари сведочат за кратките љубовни мигови и средби, исполнети со чувства, наклонетост, приврзаност и самопожртвуваност.
На прошталната вечера пред Делчев да замине за Македонија во судбоносната 1903. година, Каневчева му подарила црвено востаничко знаме со извезен лав на едната страна и девојка-Македонка на другата, како и везен срмен џемпер.
Каневчева умира од туберкулоза во 1920 година на 41 годишна возраст. Македонскиот народ ја опеал нејзината борба и посветеност за народно-ослободителното дело во народните песни: „Јанка низ гора врвеше“ и „Ај, извикна Јана провикна“.
Михаил Герџиков, најдобриот другар и соборец на Делчев, ја опишал нивната последна средба велејќи дека Гоце, со загрижено лице и насолзени очи, оставил завет пред да замине за последен пат во Македонија во обид да го спречи најавеното востание:
– „Ако се случи нешто со мене, ако ме убијат, има две нешта за кои милеам – татковината и Јанка. Чувај ги и двете. Ако некогаш, подоцна, се родат некакви чувства меѓу тебе и Јанка, бидете благословени”.
Герџиков во 1913 година се венчал со Каневчева, исполнувајќи го Гоцевиот завет три години откако се родила нивната вонбрачна ќерка Магда.
Герџиков е еден од најверните следбеници на Делчев и доследен чувар на неговите се-македонски идеали се до својата смрт во 1947 година. Тој е и еден од најревносните македонисти во Бугарија и дејствителен борец за создавање на македонска држава.
Герџиков со полно срце го поздравил формирањето на АСНОМ во 1944 година и борбата на македонскиот народ против наци-фашизмот, со низа апели и прогласи во бугарската јавност, ставајќи го својот потпис на „Апелот до Македонците во Бугарија“ за поддршка на Народно-ослободителната војна во Македонија и конечното формирање на македонската држава. —/
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа