Самуил не бил „бугарски“ цар, а Самуиловата држава не била „бугарска“

 

1. Самуил не бил „бугарски“ цар, а Самуиловата држава не била „бугарска“
Инсистирањето на бугарскиот карактер на Самуиловата држава, и тоа врз основа на личната перцепција на Самуил со наводни претензии за продолжување на бугарските државни и царски традиции, е историографски проблематично од аспект на критичката методологија и отвора повеќе истражувачки прашања:
1) Дали воопшто постои изворен податок што би посведочил дека Самуил кога било ја нарекувал својата држава „Бугарија“, а своите поданици „Бугари“?
2) Дали може да се најде изворно сведоштво дека византиските автори што биле современици на Самуил ја именувале државата како „Бугарија“ и го идентификувале населението како „Бугари“?
3) Дали навистина цар Самуил кога било се стремел да го продолжи Бугарското Царство?
4) Дали Самуил воопшто претендирал на бугарските државни и црковни традиции и се повикувал на нив за да ги легитимира својата држава и црква?
Овие комплексни прашања ја синтетизираат севкупната историографска интерпретација за Самуиловата држава. Нивниот одговор, заснован на критичка изворна анализа, открива поинаква перспектива од стереотипната интерпретација конструирана по ликвидирањето на Самуиловата држава и рециклирана во 19 и 20 век, а особено експлоатирана последните години од аспект на современите политички агенди на Бугарија во однос на Република Македонија и идентитетот на македонскиот народ.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа