Моите деца четири години не виделе море. Може само на слика и на Нејшнл Џиографик. Сфаќате како не дупат, нели? Јако јако не дупат.. Што би рекле Фиц и Студени нозе: Ја у Карпош на базен а она у Шпанија…

НејќУ да ве гледам збунети.
Па овој политичар бил во Египет на море, оној во луксузна вила на Халкиди, трет купил хациенда на Скијатос. Стан во Солун. А ваму загрижени се за нас. Ќе ни ја решиле сиромаштијата. Ќе се бореле за нашите права.
Знаете денес да си пратеник, ти е рај. Среќа која не се опишуе.
Дремеш таму на седници, понекогаш јадеш бурек од говорница, ѓомити се караш и тепаш со колегите, а ништо во државата не се менува. Но најважно е дека убаво се товиш.
Да ви нацртам за товењево.
2000 евра плата и уште 1000 до 2000 евра додатоци за координатории, патни трошоци, па некому плаќаат кирија ако е од друг град или не му плаќаат ако има стан, два, три во Скопје. Значи вкупно 3000 до 4000 евра секој факинг месец. Плус имаш шофер, бесплатен мобилен, имунитет…. ти си цар!
А бе во Норвешка гомна да јадат.
На пратениците им е овде Норвешка.
Дали сфаќате колку ве лажат секој ден со глупи демагогии. Божем овие се лопови ние не. Ние сме со народот. А сите лапаат плата за еден месец колку вие за цела година.
Пратеник од платата за една година купува двособен стан. Ало! За шо прајме муабет
Оделе по одмори?
Е не, ние ќе одиме.
Моите деца четири години не виделе море. Може само на слика и на Нејшнл Џиографик.
А бе ние топтан за Охрид више не смееме да помислиме, не па на море.
У Охрид едно седнување на пица четиричлено семејство ти е 50 евра со пијачки.
Сфаќате како не дупат, нели?
Јако јако не дупат..
Што би рекле Фиц и Студени нозе: Ја у Карпош на базен а она у Шпанија…
Толку за нашите политиканти и преваранти.
Натакнем вас на Мурац сите. Демагози.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа