СЕКАДЕ СЕ ЗБОРУВА ЗА МАКЕДОНИЈА ВО АМЕРИКАНСИ И БРИТАНСКИ ВЕСНИЦИ ЗА ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ: „Македонија“, „Македонското прашање“, „Востание во Македонија“, „Народно востание во Македонија“, „Сеопшта револуција во Македонија“…

СЕКАДЕ СЕ ЗБОРУВА ЗА МАКЕДОНИЈА ВО АМЕРИКАНСИ И БРИТАНСКИ ВЕСНИЦИ ЗА ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ: „Македонија“, „Македонското прашање“, „Востание во Македонија“, „Народно востание во Македонија“, „Сеопшта револуција во Македонија“…

ВЕСНИЦИТЕ ОД ЕВРОПА И САД ЗА ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ
Илинденското востание привлекло внимание во странскиот дневен печат. Весниците отвориле рубрики именувајќи ги: „Македонија“, „Македонското прашање“, „Востание во Македонија“, „Народно востание во Македонија“, „Сеопшта револуција во Македонија“…
За да се запознаат дирекно читателите на странските весници со револуционерното движење на македонскиот народ и да го следат развојот на настаните од Илинденското востание, од САД и Европа биле испратени дописници кои ја обиколиле цела етногеографска Македонија.
Диписникот на лондонскиот весник „Дејли њус“, Џон Мекдоналд, во своите текстови истакнува дека Османлиите направиле од Македонија „пекол на земјата“. Дописникот на „Дејли њус“ А. Г. Хелс, напишал повеќе известувања за македонското ослободително движење и бил очевидец на борбите во Серскиот револуционерен округ. Хелс им се обраќал на читателите во Велика Британија материјално да му помогнат на македонскиот народ во неговата праведна борба за слобода.
Редовни дописи за тешката положба на македонскиот народ под власта на Османлиите испраќал А. Хамилтон до агенцијата „Ројтерс“. Зачестиле исветувањата за Илинденското востание и Крушевската Република и од дописникот на „Дејли мејл“ Р. Вион, дописникот на „Манчестер Гардијан“ Х. Н. Брејлсфорд и дописникот на шкотскиот весник „Глазгов Хералд“ Грам.
Француски дневен весник – Le Petit Journal, во издание од 26 јули (стар стил) 1903 година.,на насловна страна објавил илустрација за Илинденското Востание! Илустрацијата била пропратена со статија за тешката состојба во Македонија, за претензиите на Бугарија и дипломатските ставови на Австрија и Русија во врска со Македонија и македонското прашање.
(с.с. Историска белешка)
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа