ЈАНЕ САНДАНСКИ ЈА ПЦУЕЛ БУГАРИЈА И СЀ БУГАРСКО – 1905 г.

Извештај на врховистите од 1905 г., објавен во софискиот весник „Реформи”, раскажува како Јане Сандански крваво ја разбил врховистичката чета на Бугаринот Јордан Стојанов. Притоа, на заробените врховисти, Сандански им одржал говор, во којшто истакнувал дека:
„(Врховистите) сме доаѓале во Македонија само да си го поминеме времето и сме биле плаќани од кнезот и поддржувани од (бугарската) влада, дека нашата цел била да ја завојуваме нивната татковина, Македонија, и да го направиме кнезот – крал, дека (Македонците) не сакаат Македонија да ги плаќа долговите на Бугарија итн. …(Јане) рекол и дека тие (четата на Јане) биле од Внатрешната организација и дека нив ги сака народот и тие немале потреба од бугарски пушки, бугарска помош, од Егзархијата… Ругал сѐ што е бугарско итн.”
ИЗВОР: „Реформи”, 22 април 1905, бр.19, стр. 1.
Во битката меѓу четите на Јане Сандански (ВМРО) и Јордан Стојанов (ВМК), кај селото Кашина, близу денешниот град Сандански, Пиринска Македонија, на 7 април 1905, биле убиени најмалку 11 четници врховисти. Повеќето убиени биле Бугари од Софија, Карлово, Дупница, Лом итн.
Преживеаните 31 врховист биле изгонети „по бели гаќи“ во Бугарија.
Во написот претходно се нагласува оти луѓето на Јане Сандански, како и самиот тој, најгрозно ја пцуеле Бугарија, бугарскиот кнез, премиерот, четниците, Бугарската егзархија, Владата!
А пак, за делот каде што се вели дека Македонците „не сакаат да ги плаќаат долговите на Бугарија“, говори и Тодор Александров во едно свое подоцнежно писмо во коешто вели дека Санданистите отсекогаш се бореле за одделна македонска нација.
——-
Historical documents about the Macedonian national hero Yane Sandanski…
—-Документи за македонскиот национален херој Јане Сандански…—-
Сите реакции:

Zvonko Yarchevski, Marjan Trajkovski и 98 други

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа