(ВИДЕО) „СО ГРЦИТЕ И БУГАРИТЕ ЌЕ ГИ НАПАДНЕМЕ АЛБАНЦИТЕ, ПА НИЕ ЌЕ ЗБОРУВАМЕ БУГАРСКИ, А ТИЕ НЕКА ПЛИВААТ КОН ИТАЛИЈА“ Еве како Фрчкоски го замислуваше решението на конфликтот во 2001 година

Политичкиот аналитичар Арсим Зеколи го „закла“ актуелниот македонски амбасадор во ООН објавувајќи видео од 2001 година, во кое тој го изнесува својот чудовишен рецепт за конечно решавање на албанското прашање во регионот.

На социјалните мрежи во Албанија деновиве циркулира телевизиска снимка од 2001 година, на која поранешниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчковски и актуелен македонски амбасадор во ООН, изјавува дека наместо да се преговара со терористите на ОНА во Македонија, подобро е да се побара воена интервенција од Бугарија и од Грција, по која, како што вели, „можеби ние ќе зборуваме бугарски, но тие (Албанците) ќе пливаат кон Италија“.

Политичкиот аналитичар и колумнист, Арсим Зеколи го објави на својата страница на Фејсбук ова интервју со коментар: „Секогаш кога ќе ја слушнете СДСМ-шовињаријата на Пендаровски, Зоран Иванов, Ковачевски, како попуваат за туѓи национализми, сетете се што нивниот амбасадор при ОН (и одбиен од САД) им посакува на Албанците. Македонија и особено СДСМ отсекогаш биле и остануваат тврдина на фашизмот на Милошевиќ и на Вучиќ, повеќе и од самата Србија.“

Во интервјуто, дадено за телевизијата Сител и на водителот Васко Ефтов, Фрчкоски вели:

– Тие (Албанците) не можат да продуцираат структура, тие не можат да продуцираат ни мала Албанија, тие може да продуцираат само голем регионален хаос. Во случај на соочување со теза за преговарање со терористите, подобро за земјата, апсолутно поприфатлива опција е интервенција на грчки и бугарски војски заедно со нашите, по онаа логика, која ја слушам наоколу и од мои студенти: „Можеби ние ќе зборуваме бугарски, но тие ќе пливаат кон Италија“. И тоа се врзува за една широка омраза која се развива и која ја заменува толеранцијата и која ќе заврши во воени дејства од пошироки размери, кои се исплатливи за соседните земји, зашто и тие го решаваат албанското прашање, кое може и нив да ги допре, на територијата на Република Македонија – вели Фрчкоски.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа