Курти овде дојде да ви каже меѓу редови, дека Македонија е албанска држава, само кој како го сфати.

Она што се редефинирало со војна, ќе се подели со војна.
Убаво му кажа тој Муртезани на Пендаровски. Албанците нема никогаш да се идентификуваат со македонската химна, симболите. Никогаш. Но тоа не значи дека Македонците имаат искривена перцепција ко шо вели Муртезани, од причина што Македонците оваа поалбанчена држава, која полека станува апартхејд, не ја прифаќаат за своја. Турете го сега како сол на рана и планот силеџиски да се побугарчат Македонците, план кој го турка квислингшката СДС(М), Бугарија и ЕУ, имате точна перцепција зошто Македонците не сакаат да прават никакви отстапки и компромиси во иднина кон било кого.
Значи, Македонците после сето понижување нема да сакаат, она што им остана, како химната, да се осквернави за Албанците да бидат посреќни. Башка и така осквернавена, Албанците пак нема да ја пеат. Дури и покрај Питу и Гоце да се внесе Џемо Хасо плус некои нивни команданти од 2001.
Курти овде дојде да ви каже меѓу редови, дека Македонија е албанска држава, само кој како го сфати. Оние што имаме точна перцепција го сфативме, само што нема да се помириме со тоа. Тоа непомирување со таа албанизирана држава во која живееме ни е исто точна перцепција Муртезани. Многу точна.
Тоа се две непомирливи перцепции Муртезани
Нашата и вашата. Никој не сака разводи особено ако се болни, но треба трезно да ги прифатиме околностите. Ова нема да биде љубезен развод. Такви на Балканот нема.
Ги добивте првата и втората рунда. За третата ќе видиме. Милионот ви се чини на дофат. Тоа беше тематски журката со Курти. Но светот брзо се менува. Немојте да сте толку сигурни дека сте милионери. Патот горе е пат доле, Муртезани.

 

Сашо Тасевски

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа