Тој почина во Москва по долго боледување
Херојот на Русија, генерал-полковник Генадиј Валериевич Жидко, почина во Москва по долго боледување. Ова го соопшти гувернерот на областа Хабаровск, цитиран од светските медиуми.
Имаше 57 години.
Пред почетокот на војната во Украина, Жидко беше началник на Генералштабот на руските вооружени сили во Сирија . Во 2018 година, тој беше назначен да командува со трупите на Источниот воен округ.
Во 2021 година Жидко ја презеде функцијата заменик министер за одбрана, а во 2022 година повторно стана командант на Источниот воен округ на руската армија.
Набргу по почетокот на руската инвазија на Украина и последователните воени неуспеси, раководството на Руската Федерација почна да ги отстранува одговорните воени лидери од нивните позиции, не секогаш објавувајќи го тоа јавно.
Во април 2022 година, командата на руските трупи во Украина му беше доверена на генералот Александар Дворников, а на крајот на мај командата беше префрлена на Жидко .
Колку долго Жидко ја водеше руската група војници во Украина не се знае точно . Би-Би-Си напиша дека тој бил сменет од функцијата во јули 2022 година, но не прецизирал кој е назначен на функцијата по него. Министерството за одбрана на Руската Федерација дури во октомври објави назначување на нов командант – генерал Сергеј Суровикин.
Може да се претпостави дека пред назначувањето на Суровикин Жидко продолжил да командува со руската група трупи во Украина.
Западните земји го вклучија Генадиј Жидко во списоците за санкции по руската инвазија на Украина.