Новинарската фела се крена во врска со скандалозното откривање на злонамерните „Fake News“ на Џабир Дерала и „Фронтлајн

 

Фатени на дело, ама никако да признат „борците за слобода“ кои за пари шират лажни вести. По скандалозното откривање дека провладиниот медиум односно негов сопственик Џабир Дерала, спонзорирал на фејсбук монтирано лажно видео за уривање на угледот на потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ и партијата, рекламирањето заврши експресно. Но, не завршија острите реакции од новинарите, заради постојаните ветувања на власта за борба со лажни вести, која всушност самата ја практикува, анализира ТВ „Алфа“.

Уредникот на емисијата, Јовица Пауновски, во којашто гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски, и од каде што се сечени, лепени и монтирани делови од разговорот, напиша дека видеото кое е извадено од неговото интервју е лажно и монтирано.

„Како уредник и водител на емисијата, чувствувам одговорност да потенцирам дека станува збор за МОНТИРАНО И ЛАЖНО видео. Гостинот во емисијата не ги искажа овие ставови! Жално е што поединци го уништуваат новинарството во слуга на партијата, а во јавноста се претставуваат како борци за лажни вести“, напиша Пауновски.

Здружението на новинарите го осудуваат секое пласирање на лажни вести. Велат дека во ерата на дезинформации и штетни вести во Македонија, генерално предничат партиските експоненти и на ова сме биле сведоци и во минатото, но и сега, а тоа обично се случува кога во земјата растат политичките тензии.

Така беше и кога се гласаше Преспанскиот договор, потоа кога земјата пристапуваше кон НАТО, а гледаме дека и сега има таква тенденција. Укажуваме дека етикетирање на личности и ширење на дезинформации за политичкиот противник, од една, втора или трета страна, сериозно наштетува на политичката клима, но може уште повеќе да наштети на професионалниот интегритет и углед на новинарите, а со тоа да придонесе за намалување на довербата на јавноста во медиумите, велат од ЗНМ за „Алфа“.
Ги нема никаде т.н. факт-чекинг организации или проверувачи на факти, кои инаку се многу гласни кога се работи за „плукање“ по критичарите на власта.

Во монтираното видео на Дерала се слуша како Николоски зборува за тоа дека тој лично и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ се против ЕУ, а во реалноста, Николоски го кажува токму спротивното.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа