БУГАРСКАТА АКАДЕМИЈА УШТЕ ВО 1935 ПОТВРДИЛА: МАКЕДОНЦИТЕ ИМАЛЕ СВОЈА ДРЖАВНА И НАЦИОНАЛНА СВЕСТ; НЕ БИЛЕ ГРЦИ – 1935 г.

Гаврил Кацаров, еден од водечките бугарски историчари за антиката, во 1935 година пишува дека Древните Македонци имале своја народносна свест, како одделен народ, со посебна државност и религија. Тој вели:
🔴 – ” И во времето на Филип и Александар Велики, самите Грци не го сметале македонскиот народ како грчки; од друга страна пак, самите Македонци јасно и определено се одвојувале од Грците и имале свое македонско народносно сознание. Заслужува да се истакне и фактот, дека ниеден хеленски географ во антиката не ја сметал Македонија како дел од Хелада“.
БАН: МАКЕДОНЦИТЕ ИМАЛЕ СВОЈА ДРЖАВНА И НАЦИОНАЛНА СВЕСТ; НЕ БИЛЕ ГРЦИ – 1935 г.
Гаврил Кацаров, еден од водечките бугарски историчари за антиката, во 1935 година пишува дека Древните Македонци имале своја народносна свест, како одделен народ, со посебна државност и религија. Тој вели:
– „И во времето на Филип и Александар Велики, самите Грци не го сметале македонскиот народ како грчки; од друга страна пак, самите Македонци јасно и определено се одвојувале од Грците и имале свое македонско народносно сознание. Заслужува да се истакне и фактот, дека ниеден хеленски географ во антиката не ја сметал Македонија како дел од Хелада“.
Кацаров посочува дека тогашните археолошки откритија во околината на Солун и Требениште (Охридско) го разоткриле фактот дека Хелените и Македонците не припаѓале кон иста етничка група.
– „Освен тоа треба да забележиме, дека политичките и социјални услови во Македонија биле наполно различни од хеленските; македонскиот народ имал своја религија, свое национално и државно сознание“, пишува тој.
Кацаров е основач на тнр. историска гранка Тракологија во Бугарија. Тој е еден од првите кои го сфатиле фундаменталниот проблем со турко-монголското потекло на правите Бугари за новосоздадената нација Бугарија. Следствено, се посветил на изучувањето на античката историја и посебно на историјата на Траките. Но, научно неосновано, сметал дека Македонците се смеса од Пеласги, Траки и Илири.
ИЗВОР: “Македонско слово”, Органъ на македонската емиграция, Година I, Брой 32, София, 28 Септемврии 1935 год., стр. 2.
* Гаврил Кацаров (1874 – 1958) е еден од водечките бугарски историчари и археолози по осамостојувањето на Бугарија. Докторирал на тема класична филологија и античка историја во Лајпциг, Германија, а потоа подготвил специјализиција во Берлин и Минхен. Бил редовен професор на Историско-филолошкиот факултет во Софија (ја води Катедрата за античка историја), а работел како декан и ректор на Софискиот Универзитет. Основач е на Бугарскиот археолошки институт и директор на Народниот археолошки музеј во Софија. Бил член на Бугарската, Романската и Австриската академиија на науките. —-/
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа