МАКРОН СО РАЗОЧАРУВАЧКА ПОРАКА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ! НЕМА НОВИ ЧЛЕНКИ ДОДЕКА НЕ СЕ РЕФОРМИРА ЕУ

ЕУ ТРЕБА ДА СЕ РЕФОРМИРА ПРЕД ДА ПРИМИ НОВИ ЧЛЕНКИ, ВЕЛИ МАКРОН

 

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска кажа дека ЕУ можеби треба да еволуира кон унија со различни брзини, додека размислува како да ги интегрира Украина, Молдавија и земјите од Западен Балкан.

Макрон вели дека ЕУ треба да се реформира ако сака да се прошири со нови земји и мора да изгради консензус меѓу повеќе од 30 земји.

„Ризик е да мислиме дека можеме да се прошириме без реформа. Можам да посведочам дека доволно е тешко за Европа да напредува на чувствителните теми со 27 членки. Со 32 или 35 членки, нема да биде полесно“, кажа Макрон на годишниот собир на француските амбасадори во Париз.

„Потребна ни е храброст да прифатиме поголема интеграција во некои области и можеби дури и Европа со различни брзини“, додаде тој.

 

„За да бидеме кредибилни, верувам дека мораме да зборуваме за тајминг и домашна работа. Како што се подготвуваме за следната стратешка агенда на ЕУ, мораме да поставиме јасна цел. Јас верувам дека мораме да бидеме подготвени, и двете страни, да се прошириме до 2030 година“, кажа Мишел.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа