Русите отворија нов коридор: првиот воз преку Иран замина за Саудиска Арабија

Новиот коридор Север-Југ ги поврзува бродските, железничките и патните товарни линии меѓу Русија, Иран, Азербејџан, Индија и Централна Азија и е пократок од рутата низ Суецкиот канал

Товарот од Русија патува до Саудиска Арабија преку Иран (Видео клип)

Руски транзитен воз со 36 контејнери во текот на викендот помина низ новиот копнен транспортен коридор преку Иран до Саудиска Арабија, објави шефот на иранските железници Миад Салехи.

 

Салехи истакна дека тоа е првпат транзитниот товар од Русија да помине низ иранската железничка граница Инче Борун во близина на Туркменистан.

 

Товарот беше испорачан до пристанишниот град Бандар Абас на Ормутскиот теснец и оттаму ќе биде префрлен во саудискиот пристанишен град Џеда по море, објасни ирански претставник.

Иранскиот секретар на Врховниот совет на слободните економски зони, Хоџатолах Абдолмалеки, претходно изјави за РИА Новости дека започна со работа еден од новите транспортни коридори во рамките на поширокиот Меѓународен транспортен коридор Север-Југ (ИНСТК), кој минува низ иранска територија.

Според него, новиот коридор ги поврзува Русија и арапските земји со железница преку Иран и по морски пат преку Персискиот залив.

 

ИНСТК е алтернатива на коридорот што минува низ Суецкиот канал, а планираниот транзитен систем долг 7.200 километри ќе ги поврзува бродските, железничките и патните правци за движење на товар меѓу Русија, Иран, Азербејџан, Индија и Централна Азија.

Изградбата на овој коридор започна на почетокот на 2000-тите, но тој доби нов замав по воведувањето на западните санкции против Русија, која беше принудена да ги пренасочи своите трговски текови од Европа кон Азија и Блискиот Исток.

Вкупниот превезен товар по коридорот лани изнесувал 14,5 милиони тони, а годинава се очекува да бидат транспортирани 17,6 милиони тони, проценува руското Министерство за транспорт.

 

Нов коридор север-југ 

Меѓународниот транспортен коридор „Север-Југ“ е мултимодална транспортна мрежа на поморски, железнички и патен транспорт меѓу Русија, земјите од Заливот и Индија, со транспортен и претоварен центар во Иран.

Ги поврзува Мумбај, Бандар Абас, Баку, Бандар Анзели, Астрахан, Москва, не е предмет на санкции наметнати против Русија и Иран и не е под влијание на западните земји.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа