Софија Куновска важи за голем критичар на секоја власт.
За случајот со онкологија и таа се огласи со свој став. Овој пат таа се осврна на министрите за здравство.
„ Проблемите се многу поголеми одошто навидум изгледаат.
Што е задачата на едно ресорно министерство, поточно на еден ресорен министер и неговите службеници?
Да овозможат највисоки можни стандарди ресорот да ги опслужува граѓаните.
Во случајов, кога станува збор за здравството,
-да се овозможи здравствена услуга во безбедни објекти,
-лекување согласно светски протоколи,
-да ги гарантира достапноста и квалитетот на лековите
-како и стручноста и професионалноста на медицинскиот персонал.
Ништо од тоа. Наместо сето наведено неретки се случаите кога го добиваме токму спротивното.
-запалени или во најголем број санитарно несоодветни услови во објектите
– несоодветна опременост на објектите
-лекување при што од лекарски грешки страдаат пациенти
-недостаток на лекови или нивен сомнителен квалитет
– несовесен, поткуплив и непрофесионален кадар.
Заклучок: министрите за здравство го разбираат здравството единствено како поле за „товарење на магарињата“ и ништо друго. А сосем извесно премиерите учествуваат во истото со чинење или нечинење.
Затоа убаво рекле старите: Рибата од главата смрди!
Ајде сега заради „уметнички дојам“ да ги наброиме сите куќи, вили, мотори, автомобили, бродови, бизниси и останати играчки на министрите за здравство во последниве 6-7 години, се разбира на туѓи имиња, за чисто да споредиме какви голтари беа кога дојдоа на власт и немаа ни за ново оделце за групнаото фото за нова влада.“ напиша таа.