АКТЕР ПВИКУВА НА ПОРАДИКАЛНИ ПРОТЕСТИ! СО ДРЕМЕЊЕ ПРЕД ПОЛИЦИЈА НЕ СЕ МЕНУВА ВЛАДА, НИ ТРЕБААТ ПРОТЕСТИ КАКО ВО ФРАНЦИЈА

Бунтот против лошата власт не е само морален туку и цивилизациски чин.
Таа лекција треба да се предава од прво одделение.
Така се создава критична маса, генерација која ќе може да ја прегази лошата власт за една ноќ. Зашто ќе биде опасна.
Вака, дремење пред полициски кордони кои се досадуваат зашто знаат, ништо нема да се случи, ко самите да не се засегнати од монструозното здравство и скандирање пароли пред портирот во една институција во 20 часот навечер е гола вода.
Ќе си повикаш малку УБИЈЦИ УБИЈЦИ и си одиш дома, а убијците другиот ден пак владеат со тебе и продолжуваат да те убиваат на триста начини.
И не мрчете, бев вчера пред обвинителството ко што сум бил на десетици други протести последниве пет години. Ништо. Тапа.
Само го вознемируваме портирот во дремката
1000 до 1500 луѓе имаше. На другите им роси, имале родителска, биле до касно ма работа, се работеле на Водно со колега или колешка….
Утре ќе ви роси од очи ко ќе стигнете на онкологија или гинекологија или пулмологија…
Ние не протестираме. Протестираат во Франција, Полска, Унгарија…. Чешка ако излезат 1000 луѓе да бараат смена на министер или директор на национална ТВ, истата ноќ ги менуваат, оти власта знае, следниот ден на улица ќе имаат 100 илјади луѓе. И тие не носат јајца по џебовите. Туку друго. Тоа сум го видел. Тоа се протести.
Ние шетаме по улици и кукаме. Има разлика.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа